Партиски активисти на Алијансата на Албанците според нивна излезна анкета тврдат дека Демократската Унија за интерграција нема да влезе во вториот круг во оваа скопска општина каде што ДУИ имаше силна партиска структура.
Според прогнозата во водство по првиот круг во оваа општина се Алијансата на Албанците и СДСМ , а дури на трето место ДУИ со околу 1250 гласа.
Движењето БЕСА во Арачиново според прогонозите добила околу 700 гласа.
АА своите прогнози ги дава врз основа на разговорите водени со гласачите на сите изборни места во оваа општина.
Дел од анализите за Арачиново на другите партии велат дека СДСМ би можела да победи уште во првиот круг во оваа партија.