Книгата на рекорди „ГИНИС“,започна со процес на оценување на иницијатива на невладината организација „35 милиметри“ за прогласување на владата на Црна Гора за рекордер во нова категорија – најголема густина на извршна власт по глава на жител.

По неодамнешната реконструкција, црногорската влада брои 34 членови и е влада со најмногу министри во историјата на земјата.

Црна Гора има околу 620 илјади жители.

Административното „чудо“ на власта има 34 извршни функционери на секои 633.158 луѓе, односно на секои 18.627 луѓе има по еден чувар на демократијата од извршната власт“, ​​соопшти здружението „35 милиметри“.

Ова е далеку повеќе споредено со Република Хрватска, која има 18 владини претставници на 3.871.833 жители или еден владин претставник на 215.101 жител.

Во Германија, има 17 владини претставници, односно по еден на секои пет милиони жители.