По свечената церемонија што се одржува во Вашингтон на која домаќин е државниот потсекретар Томас Шенон, Црна Гора од денес е полноправна членка на НАТО.
На церемонијата присуствуваат генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и црногорскиот премиер Душко Марковиќ кој ги предава на инструментите за придружување. За два дена и црногорското знаме ќе биде истакнато на влезот на седиштето на НАТО во Брисел.
“Членството на Црна Гора ќе биде придонес за поголема интеграција, демократски реформи, трговија, безбедност и стабилност за сите негови соседи. Членството во НАТО ќе потврди дека и за другите кандидати, кои сакаат и се способни да ги направат бараните реформи за постигнување на високите стандарди на НАТО и да ги прифатат ризиците и одговорностите како и придобивките од членството, вратата на НАТО останува отворена”, соопшти американскиот Стејт Департмент.
За Русија која отворено се противи на членството на Подгорица во НАТО “воената вредност на Црна Гора е рамна на нула”.
НАТО со Црна Гора добива контрола на целиот Јадран. Алијансата и понатаму е присутна на Косово и во Босна и Херцеговина и “подготвена да интервенира доколку дојде до нови конфликти”, вели Јануш Бугајски од американскиот Центар за европска политичка анализа.
Во октомври минатата година, црногорската полиција уапси група српски граѓани и ги обвини за обид за државен удар за да се спречи влезот во НАТО. Подгорица верува дека во оваа група имало двајца руски разузнавачи што наведува на руска поддршка за државниот удар. Но Русија ги демантираше овие обвинувања.
Во знак на одмазда во април Русија блокираше увоз на црногорски стоки во земјата што не може драматично да ја наруши грногорската позиција затоа што најголемиот извоз земјата во праи со ЕУ. Најмалку една третина од туристите во Црна Гора се Руси.
Освен Србија која што најави дека нема план да биде дел од НАТО за членство во алијансата од регионот остануваат само уште Македонија која е блокирана од Грција и Косово кое што не може да се надева на членство во наредниве десетина години