Германската канцеларка Ангела Меркел деновиве се соочи со гневот на своите сограѓани откако на изборен митинг во градот Ваха беше дочекана со погрдни зборови.
Додека половина од присутните и ракоплескаа другата половина изрекуваше вербални навреди за неа и и порачуваше „Оди си“.
Најпопуларниот германски политичар во последниве петнаесетина години од своите граѓани доби црвени картони како симбол на барањето да си оди од политиката.
Најголемата забелешка што Германците ја имаат за Меркел е тоа што дозволи во земјата да влезат над 2 милиони бегалци.
Според анкетите речиси извесно е дека Ангела Меркел ќе биде старо нов канцелар но не се знае дали владата повторно ќе биде составена од конзервативците од ЦДУ на Меркел и Социјал Демократите или ЦДУ ќе може да направи влада со ФДП и Зелените.
https://twitter.com/OnlineMagazin/status/900767697348251648?s=07