Фудбалерите на Вардар тргнаа за Сан Себастијан за четвртиот натпревар од групата Л од Лига Европа. Тој е утревечер од 21 часот и 5 минути против добро познат и од скоро, по лошо запамтен противник кој пред две недели во Скопје ги разнесе црвено-црните со 6-0. По тоа извонредно издание на Шпанците и уште повеќе по кризата што го зафати македонските првак кој четири средби не знае за победа малку може да се очекува од Аноета стадионот, но од друга страна Вардар веќе нема кој знае какви императиви во овој дел од натпреварувањето иако амбициите за бод или победа остануваат. Во секој случај скопјани одат во Баскија без притисок и можат слободно да одиграат за личното, за клупското, па и за реномето на македонскиот фудбал.