Централен Лондон под блокада, повторно цел на терористички напади

Британските медиуми шпекулираат дека повеќе од 10 граѓани се убиени во најмалку два терористички напади во центарот на Лондон ноќеска околу полноќ. Официјално засега се зборува за само една потврдена смрт и дваесетина потешко или полесно повредени.

Нападите се случиле на Лондонскиот мост каде што возило комбе прегазило усмртило неколку и повредило уште десетина луѓе.

Вториот инцидент се случил во непосредна близина на првиот, на Бороу маркетот каде што  напаѓач со нож нападнал неколку лица. Сеуште не се знае точниот број на загинатите и повредените во нападите. Очевидци на нападите за медиумите велат дека на Бороу маркетот маж што мавтал со нож влегол во маркетот и успеал да нападне неколку луѓе.

Веднаш по нападите на улиците на главнито град на Британија излезени се полициски и воени единици кои што реагирале во неколку наврати во обид да ја смират ситуацијата и да ги блокираат местата за каде постои сомнение дека се кријат дел од осомничените. Засега официјално се бараат тројца или четворица луѓе што ги извршиле нападите.

Непотврдени иннформации на британските медиуми велат дека двајца од нив се веќе убиени од полициските екипи. Очевидци јавуваат за хаотични реакции на полицајците кои што во обид да ги евакуираат опасните локации во градот предизвикале паника кај голем дел од луѓето кои што морале со кренати раце на глава да заминат од местата на евакуација.