Цените на производите паѓаат на Балканот, но не и во Македонија

Балканот работи на подобрување на живеачката, а Македонија си тера по свое, односно по старо. Во Србија и Црна Гора ќе се намалат цените на многу производи. 

Во Србија oд 1 септември до крајот на октомври граѓаните ќе можат да купат 81 вид на производи во 2.500 малопродажни објекти во рамки на акцијата „Најдобра цена“ по поповолни цени“, изјави денеска премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.

Се работи за храна и средства за лична хигиена, а меѓу нив се месо, јаболка, кромид, кафе, риба, шампони, тоалетна хартија и слично. Тој ги спомена и конкретните производи и нивните нови цени и посочи дека попустот е во просек 26,82 отсто и дека домаќинствата ќе можат да заштедат од осум до 22.000 динари.

Од синоќа и црногорската Влада како и српската најави намалување на цените и на маржите за стотици производи во обид да се справат со зачувување на стандардот на граѓаните.

Владата на Црна Гора ќе ги намали маржите на илјада ставки, а одлуката ќе важи до 31 јануари 2025 година“, најави вицепремиерот и министер за економски развој Ник Ѓељошај.

Тој изјави дека се труделе да имаат што повеќе домашни производи по намалена цена. Премиерот Милојко Спајиќ нагласи дека инфлацијата сама по себе не е проблем, но сепак се високи цените на производите.