Цената на барел нафта на Њујоршката берза вчера се продаваше за 49 долари и 82 центи, што е одржување на многу ниското ниво кое, пак, како продолжителен ефект за последица има намалување на резервите на нафта во САД.
Ова го потврдува и Министерот за енергетика на Саудиска Арабија Калид Ал-Фалих кој смета дека стратегијата со ниски цени и намаленото производство ќе резултира со големо намалување на залихите во третиот квартал од годинава и тоа најмногу ќе влијае во САД и Европа.
Американските нафтни компании минатата недела ставија во погон уште две “бушотини” со што бројот на активните извори за црпење “црно злато” се искачи на највисоките до сега 722, што е направено со цел да се запре падот на американските резерви на нафта.