Во лето и да сакате, едноставно не можете да јадете масна и калорична храна. Кога температурите растат, сè што сакате да внесете во организмот е нешто свежо и студено.
Свежите салати се одличен избор за појадок, ручек, ужина или вечера, а покрај нив можете да додадете лесно сварено или потпечено месо или печурки.
Имате голем избор, но ако и понатаму ви недостасуваат идеи, ова е наша омилена.
Цезар салатата е совршено решение со парчиња потпечен леб, пилешко и богат вкусен прелив.
Состојки:
-1 парче пилешки гради
-1 земичка чиабата
-50 грама пармезан
-2 чешниња лук
-5 супени лажици мајонез
-2 супени лажици вода
-1 главица црвен кромид
-2 ротквички
-Листови зелена салата
-Чери домати
-Сол и бибер
-Маслиново масло
Подготовка:
Прво ќе го направиме најважниот дел од Цезар салатата – преливот. Разликата меѓу добра Цезар салата и лоша Цезар салата е само во преливот… Направете го како што треба и имате успешен рецепт.
Ставете исечкани чешниња лук и рендан пармезан во мајонезот и добро измешајте… На крајот ставете вода за да го разредите сосот и да го направите побел. Оставете го на страна за подоцна.
Исецкајте го белиот леб на мали коцки за крутоните. Ова е уште една можност на рецептот да му дадете вкус… Ние користиме чиабата леб, но ќе одговара било каков леб.
Ставете ги крутоните во тава и веднаш ставете им сол, бибер и маслиново масло… Пржете го лебот често превртувајќи ги парчињата… сакаме тој да добие боја и вкус, но не и да изгори.