„Некои се понапредни, како што се Црна Гора и Србија, некои други како ПЈРМ (Македонија) и Албанија се надеваат дека ќе можат да започнат преговори, некои други имаат многу да направат”, беше одговорот на бугарскиот амбасадор при ЕУ, Димитар Станчев на прашањерто како би изгледал распоредот за прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Секоја од шесте земји : Албанија, Босна, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија е посебен случај и зависи од постигнатиот напредок, рече тој.
Зарашан од новинар на EURACTIV за Македонија (што тој официјално ја нарекува ПЈРМ) Цанчев вели дека под новата влада на социјалдемократите Зоран Зае постои „нова волја“ за отклучување на билатералните прашања што ја спречуваат земјата за започнување на разговорите за пристап.
Цанчев го пофали билатералниот договор потпишан минатата година помеѓу Софија и Скопје и рече дека неговата земја е свесна за напорите на владата на Заев за подобрување на односите со Грција. Ова, рече тој, може да го отвори патот Комисијата да предложи почеток на преговори за пристапување во следниот редовен извештај за напредок, кој се очекува во април.
За истиот проблем, портпаролот на Комисијата, Маргаритис Шинас, рече дека извршната власт на ЕУ ги поздравува позитивните контакти меѓу Скопје и Грција за прашањето за името и дека Комисијата ќе објави „засилена“ стратегија за Западен Балкан во февруари, која се очекува да содржи и некои индикативни датуми за процесот на проширување.
Инаку, извршната власт на ЕУ имала низок профил во спорот за името помеѓу Македонија и Грција, бидејќи тоа е процес посредуван од ОН. Сепак, има реални надежи за позитивна одлука да започнат разговори за пристап за време на бугарското претседателство.