Единствениот Владика на МПЦ – ОА кој не ја почитува препораката на Синодот и е активен на социјалните мрежи им го честиташе Божик на сите граѓани.
На граѓаните и верниците им порача дека сите се исти пред Бога.
Еве го неговото Божикно послание до сопствениците на џипови, огнопалачи, пешаци, верници од секаков маштаб, мигранти, јунаци и родољуби.
На Фејсбук власиката напиша:
„Христос се роди!
Христос се роди и за оние кои палеа огнови, но и за оние кои не палеа. И за оние што возат џипови, и за оние кои одат пешки. И за оние кои традицијата ја издигаат над верата, но и за оние кои опоменуваат дека во верата нема компромис. И за оние кои ги напуштиле своите огништа, но и за оние кои останале во нив и по цена на животни закани.
Христос се роди и стана човек за човекот да се обожи.
Христос се роди за да го измири Небото со земјата.
Христос се роди и за да се измири син со татка и со брата брат.
Христос се роди за да го препознаеме Него во секое новороденче.
Христос се роди за да ни каже дека не мора на сила да го сакаме.
Христос се роди за да ни покаже дека ако го сакаме на сила тоа не е вера.
Христос се роди за сите и за сè!“, се вели во честитката на отец Пимен.