Цел кујнски инвентар украле Хрват и Србин од 17 до 19 септември од ресторан на газда кој не им исплатил за сработеното, извести истарската полиција.
Одзеле витрини во фрижидер, машина за перење, печка за пица, скара, машина за мраз, тезга за сервирање, разни кујнски апарати, како и столици, маси и клупи.
Украле и сеф, падобран и други предмети, со што на 55-годишен словенечки државјанин му нанеле штета над сто илјади евра.
Станува збор за 67-годишен загрепчанец и 39-годишен државјанин на Србија кои полицијата на Умаг ги сомничи дека сториле кривично дело кражба. Тие биле уапсени во петокот.
Неофицијално, се дознава дека се работи за поранешни вработени во тој угостителски објект, на кои сопственикот не им исплатил плата, па им ја украл. Индекс.хр