Хрватската влада на последната седница донесе пакет нови одлуки од кои највпечатлива е тааа за намалување на давачките при купување на користени, како што велиме стари возила, што во голема мера ќе ги намали цените на половните возила за крајните корисници. Законот стапува на сила на 1 јануари 2018, а се однесува на даноците за моторни возила и данокот за сопственост, а намалување ќе има и во делот на регистрацијата на возилата и пресметката на нивната старост.
Хрватска за минатата година имала добивка од половните возила од 194 милиони евра, а сега ќе ја намали својата добивка за близу 50 насто.
Знаејќи дека и во Македонија има огромен број на користени и увезени возила, ваквиот потег би можел да биде големо ослободување за граѓаните.
Според информациите од продавачите на половни возила со кои Exspres. mk се консултираше, вакви или слични законски потфати би влијаеле на цената на автомобилите за кои велат дека, на просечна старост од 10 години (тие се најзастапени кај нас) и на просечната цена (од 3 до 3.500 евра), намалувањето би можело да биде до 500 евра.