Претседателот на Нова Србија (НС), Велимир Илиќ, денеска го повика српскиот претседател Александар Вучиќ да ја каже вистината што му кажал Брајан Хојт Ји и дали му го пренел ставот на американската администрација дека 1 јануари 2019 е крајниот рок за Србија да го признае Косово, пренесе српски „Курир.
„Според наши сознанија, Хојт Ји од Вучиќ побарал да го исполни писменото ветување дека Косово ќе добие столче Обединетите нации до 1 јануари 2019 година, и му нагласил дека Америка нема да толерира ниту еден ден одложување, изјави Илиќ денес на прес-конференција.
За средбата со американскиот заменик-помошник државен секретар, Вучиќ вчера рече дека добил тешки но не и нови пораки.