Традиционалниот скопски концерт ќе се одржи во црквата „Пресвета Богородица“ од 19.30 часот.Тоа е нешто редовно и станува белег на главниот град, а и овој пат женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ пее на тема „Божик – Слава“ по повод празникот Христово раѓање – Божик.

Концертот ќе го води диригентката Летка Димовска-Полизова, а гости се мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија, и мешаниот хор „Про арс“ од Скопје. Солисти ќе бидат Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија.