Во реалниот живот астронаутите во вселенскиот брод Аполо 13 кои требало во 1970 година да стигнат на месечината никогаш на своите претпоставени на земјата не им рекле дека имаат проблем туку дека имале проблем кој предходно го решиле.
Фамозната реченица „Хјустон имаме проблем“ всушност никогаш не се случила ниту комуникацијата меѓу астронатутите и вселенскиот центар во Хјустон никогаш не била толку напната како што во последниве неколку децении се прикажува во низа филмови и документарци за оваа мисија на американските астронаути.
Според лингвистката Наоми Барон оригиналната реченица значи дека астронаутите веќе ги решиле сите проблеми а не дека се наоѓаат во опасна ситуација што е сосема спротивино од тоа што луѓето го мислат. Лажниот мит за реченицата Хјустон имаме проблем во најголем дел е создаден од сценаристот на филмот Аполо 13 Вилијам Бројлс со Том Хенкс во главна улога.