Холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид и кој бил каснат од змија, бил спасен откако бил пренесен во Дебар бидејќи во Охридската болница немало – серум, јави МИА.

„Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охриската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид“ изјави директорот на Општата болница во Дебар, директорот Јетлумт Пашоли.

Според него, имајќи го предвид периодот на појава на змии, навреме се снабдиле со потребниот серум, посака да нема потреба, но, изрази подготвеност да се помогне доколку затреба.

Директорот на дебарската болница изјавил дека многупати спасуваат животи на лица каснати од змија, честопати тоа се жители на соседна Албанија кои живеат блиску до границата, бидејќи нив болницата во Пешкопеја им е подалеку од дебарската болница.