Хигиеничарка со поголема плата од медицинска сестра по хаосот предизвикан од СДСМ, ДУИ и репрезентативниот синдикат

СДСМ и ДУИ и репрезентативниот синдикат во здравство направија хаос кај вработените во здравствениот сектор.

Со покачување на минималната плата се случува хаос во исплатата на личните доходи на вработените во здравство.

Колективните договори во здравствениот сектор не се усогласени со законот за минимална плата. Овој закон ги опфаќа само вработените до најниска сложеност на работа со најмал коефициент на сложеност.

На 10 април кога се врши исплата во здравствениот сектор, поради неусогласени колективни договори, медицинскиот персонал, административниот, технички персонал со средна стручна спрема ќе земе помала плата од хигеничарот.

Ако хигеничарот има дежурства и стаж ќе стигне до доктор во примарна здравствена заштита.

Затоа ние како Независен синдикат на здраствени работници и административниот технички персонал баравме линеарно покачување на платите во здравствениот сектор. Баравме и усогласување на законот за минимална плата со општиот колективен договор во здравство кој ќе се усогласува на секои 6 месеци.

Владата, Министерството за здравство и репрезентативниот синдикат на здравство кој има претседател 30 години ист, го направила ХАОСОТ ВО ИСПЛАТА ЛИЧНИОТ ДОХОД.
Затоа сега медицинска сестра ќе зема помала плата од хигиеничар.

БОБИ БОЈЧЕВСКИ

национален координатор за здравство во Конфедерација на слободни синдикати на Македонија
(КСОМ)