Македонската селекција до 21 година го доживеа и третиот последователен пораз во квалификациите за Европското првенство и уште од сега ги загуби шансите за место на следниот собир. Оваа наша генерација пред само пет месеци беше на завршница на ЕП, но сега тоне, до тој степен што секој нов пораз е потежок од претходниот.
Така денешниот од Австрија е домашен и изнесува 0-4, а е сложен затоа што во овој меч требаше да се вадиме за грешката во Гибралтар, а не да тонеме дополнително.
„Што и да кажам е безпотребно по еден ваков пораз, Австрија се покажа како поквалитетна и подобра, сите четири гола кои ги примивме беа на наша грешка. Имавме и ние свои шанси а не ги искористивме. Гибралтар беше опомена за некои репрезентативци и од март ќе имаме нов лик на оваа селекција“ истакна селекторот Благоја Милевски веднаш по мечот.
По 4 средби Македонија има само 3 бода и е последна, а новиот напревар е на пролет кај Русија која е напред во групата 7 од овие квалификации, со десет бода. Водечка е Србија која по денешната победа кај Ерменија од 1-0 е на врвотсо 15 бодови.