Џевдет Хајредини кој важи за еден од најголемите познавачи на економските и политичките случувања за „Република“ коментира дека граѓаните оправдано имаат големи очекувања од новата власт.
Очекувам рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе да расте поради ветувањата што ги имаат дадено пред граѓаните.Ако успее да ги реализира ќе има големи заслуги, во спротивно ќе има разочарување-смета Хајредини.
Хајредни го коментира и високиот рејтинг на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кого доверба имаат 27,8 посто од граѓаните, наспроти лидерот на СДСМ Венко Филипче кој ужива доверба кај 5,5 од анкетираните.
Кога се случи хаваријата на локалните избори не ја научија лекцијата. Се додека во партијата се мешаат Заев и Ковачевски од СДСМ нема ништо и тоа ќе оди во корист на Мицкоски-заклучува Хајредини.