Вака поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини ја искоментира одлуката на лидерот на ДУИ Али Ахмети да ангажира странски експерти за да разгледаат модел за поделба на Македонија по региони, по примерот на Северна Ирска и на Белгија.
Еден од тие експерти е токму Пол Вилијамс, учесник во подготовките на Охридскиот договор во 2001 година, кој неодамна јавно призна дека работи на прашањето на „непочитување на Рамковниот договор и меѓуетничкиот легитимитет на институциите во државата“.
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски за „Плусинфо“ вели дека „користењето на Пол Вилијамс е само обид да им дадат поголемо учество на странците во земјава.
Пол Вилијамс не е никаков креатор на Охридскиот договор, туку е само обичен тезгарош, кој бараше ангажмани во кризни подрачја како што беше Балканот на времето“.
Државата им припаѓа на граѓаните, не сте ја добиле од татко ви, па да ја делите и да ја продавате парче по парче, им порача пратеникот Аднан Азизи од коалицијата Вреди на Али Ахмети и на партијата ДУИ.
Свесни сме, додава Азизи, дека прашањето на поделбата е нивна дневна политика, за да се обидат да избегаат од одговорноста за криминалот што го направиле…