Со влезот на ВЛЕН во Владата всушност, се нарушува континуитетот на 20 годишниот неказнет криминал и корупција во Македонија.
Ова е реакција на аналитичарот Џевдет Хајредини на најавата на челнициуте на “Европскиот фронт” дека со „меморандум“ ќе ги известеле странците дека „со влезот на ВЛЕН во Владата се нарушува легитимитетот на Албанците и ‘помалите’ етнички заедници“.
Во одделна објава на Фејсбук Хајредини прашува:
„Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години колку што биле на власт и со ВМРО и со СДСМ да не се обвинат и осудат за криминал и корупција, кога се знае дека Македонија цело ова време, од релевантни домашни и странски фактори, се смета за најкорумпирана држава во регионот и светот?
Ова стана можно почнувајќи со игнорирањето на препораките на Прибе, забраната на “бомбите” на Заев, укинувањето на СЈО, криењето на најголемиот скандал со Дојче Телеком, тајните коруптивни договори со СИНОХИДРО и БЕХТЕЛ и ЕНКА, како и со измените на Кривичниот Законик, спротивно на ставот на ЕУ и САД“.