Аналитичарот Џевдет Хајредини со реакција на инсистирањето на ДУИ како предводник на „Европскиот фронт“ да бидат дел од идната влада имајќи ги предвид кфалификациите кои предизборно ги упатуваа кон партијата која убедливо победи на изборите, но застрашувањата кон граѓаните да внимаваат за кого ж гласаат.

„Не е јасно како “легитимните” Албанци и другите партнери од ‘Европскиот фронт’, во преговорите за коалиција, би се сложиле заеднички да владеат со некогашните “албанофили” и сегашни “проруски” и “албанофобни шовинисти” Македонци? – прашува цинично Хајредини во објава на Фејсбук.