Харадинај ја чистеше Владата од „Шарената револуција“ во Приштина

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска лично им помогна на службите за чистење на зградата на Владата од последиците на вчерашниот протест во Приштина, кога припадници на движењето „Самоопределување“ фрлаа шишиња со црвена боја во знак на револт за нерасчистената смрт на нивниот член Астрит Дехари.
„Загубив членови на семејството за време на војната и пред неа. Изгубив најмили и сочувствувам со семејството (на Дехари – н.з.) за претрпената болка. Респект за демонстрантите, но косовската држава станува сè попочитувана и посилна. Не прави му штета на своето, бидејќи институциите се на народот. Остануваме покрај семејството на Дехари и правдата ќе биде задоволена“, напиша Харадинај на својот профил на „Фејсбук“, покрај трите фотографии од сопствениот удел во чистењето на владината зграда.