Луис Хамилтон ќе тргне од пол позицијата на Големата награда на Канада. Британецот вчера по 6. пат најбрзо ги заврши квалификациите во Монтреал, а 65. во кариерата што го изедначува со Аиртон Сена. Но на Хамилтон тие бројки му се помалку важни, позначајно е да не му овозможи на главниот конкурент Себастијан Фетел кој ќе биде веднаш до него вечерва на стартот (20.00), дополнително да се одлепи. Разликата меѓу нив во пресрет на седмата трка во овој Ф-1 шампионат е 25 бодови. Натаму на стартот од трката на патеката Жил Вилнев ќе бидат наредени Ботас, Раиконен, Верстапен, па Рикардо.