Групата која владее со Појасот Газа започна консултации за нов шеф на движењето по атентатот на Исмаил Ханије. Ова го објави агенцијата Ројтерс.
Потсетуваме дека Ханије беше убиен во Техеран, неколку часа откако присуствуваше на церемонијата на инаугурација на новиот претседател на Иран.
Русија го осуди убиството на лидерот на Хамас и повика на воздржаност.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека неговата земја нема никаква врска со обидот за атентат.
Иран свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе одговори со сила на евентуален напад од Иран.
Весникот „Телеграф“ објави дека израелската шпионска агенција Мосад ангажирала безбедносни агенти од Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран да подметнат експлозив во три соби во комплекс во Техеран, при што бил убиен Исмаил Ханије.