Во Струмица, малку понастрана од главната улица, не беа сите дојдени за фудбал. Едните се размавтаа со знамињата за да си направат слики, другите го прошириле вокабуларот на навреди, а третите, организаторите, осмислиле ступиден план, само судијата да не вади кога, дојдените за друго, ќе си го покажат лицето и ќе предизвикаат инцидент.
Ние всушност немаме план А, за опција Б и да не зборуваме, за вакви ситуации, и интересно, не се ни работи на тоа да се изнајде. И згора на тоа. Пост фестум дојдоа и некакви пофални зборови за фотографијата, за траспарентите, за текот и одвивањето на куп финалето, но тоа е повеќе веројатно, за тоа, како можеше, и како заврши.
За фудбалот најкусо. Слабо, па уште и оптоварено со тактика, здодевно, до зла бога. Шкендија како посилна, и тоа со голо око видливо, беше најдобриот дел од Пелистер, а битолчани: мотивирани, пожртвувани, невидено концентрирани, на крајот и заслужено среќни.