Со полни 40 години Франческо Тоти се прости од Рома, од навивачите, колегите, од сите што ја почитуваа неговата уметност на правоаголникот. Почитуван од противниците, од спортските непријатели, како ретко кој, и омилен кај широк појас неупатени во фудбалот.
Принцот од Рим од денеска веќе не е активен играч, но 25. години приврзаност на една средина остануваат за насока на сите што парите ги тераат да трчаат, менуваат и да се продаваат.