Македонија била една од темите на средбата меѓу претседелот на Франција Емануел Макрон и бугарскиот претседател Бојко Борисов што се одржа вчера.
„Му благодарам на Макрон за поддршката за договорот Бугарија – Македонија, која ни ја укажа Франција. Добрата работа на нашето пријателство е дека дури и за критичните теми можеме да дискутираме за секој детал и тоа да биде во пријателска атмосфера“, изјавил Борисов прес-конференцијата по средбата со францускиот претседател.
Борисов меѓу другите пораки изјавил дека сака за Балканот да се зборува на конкретен начин. Тој посакува кога се зборува за перспективата на Балканот на младите конкретно да им се каже каква ќе биде таа.
Макрон и Борисов покрај за Балканот зборувале и за можноста Бугарија наскоро да стане членка на Еврозоната.
Во врска со идејата за „Европа на две брзини“ бугарскиот премиер бара чисти критериуми за кои ќе биде јасно дали се исполнети или не.
„За критериумите за Шенген – ЕК вели исполнети се, ЕУ – исполнети се. Посакувам откако се исполнети Бугарија да си го ги заземе позициите. За чекалната на Еврозоната повторно Бугарија ги издржа сите барања на банкарскиот систем. Буџетски суфицит, имаме еден од најниските надворешни долгови, стабилна фискална резерва и огромен резерви во БНБ. Ние си ја напишавме домашна задача, за да не сме никаков ризик за Европа. Така што, новата поддршка добро ќе ни дојде“, изјавил Борисов пред францускиот претседател.