Французите не знаат што прават кога губат на Ролан Гарос (видео)

Невообичаено за тениски Гренд Слем во Париз веќе во првите денови од 116. издание се случија два инцидента во кои се вклучени домашни тенисери. Не се поврзани меѓу себе, едниот беше на терен, а другиот надвор, но и во двата случаја, до несекојдневни ситуации дојде до нивни порази.
Во првиот случај Лорен Локоли не сакаше да му прижи рака на Мартин Клижан откако овој го победи со 3-2 во сетови. Образложението на 23 години возрасниот Локоли е дека Словакот цело време се жалел, во наш жаргон плачел, а потоа за петтиот сет бил потполно здрав.

Во следниот случај Максим Хаму беше дел од едно несреќно интервју во кое без никаков повод, веројатно и без лоша намера, ја бакна, еднаш, два пати новинарката, по што оранизаторот на Ролан Гарос немаше разбирање ниту за извинувањето на 21. годишникот и се реши да му ја повлече акредитацијата.