Французин најмен од американски републиканци (ИРИ) помага на левичарската влада

Францускиот експерт за комуникации и односи со јавност Оливие Убеда и помага на новата влада со цел да ја зголеми транспарентноста на владата во Скопје.

Оваа информација ја објави Меѓународниот Републикански Институт од САД кој традиционално соработува со десничарски партии а во Скопје во главно досега е познат по соработка со македонската десница. Традиционално во левицата соработувала со Националниот Демократски Институт.

Во информацијата објавена на социјалните мрежи поврзана со тренингот одржан од францускиот експерт се споменува и Американската агенција за меѓународен развој но не се прецизира улогата на УСАИД  во оваа помош на новата македонска влада.

Според ИРИ Глобал Оливие Убеда работи со советниците за комуникации во новата влада со цел да се зголеми нивото на транспарентност.

Оливие Убеда е француски експерт кој соработувал со ИРИ во тренинзи за влади на повеќе земји меѓу кои и Јордан.