Овој месец, започнува најголемото судење за злоставување на деца во француската историја.
Се очекува да бидат објавени застрашувачки сведоштва што ги правел извсниот хирург, сега веќе 73-годишен Жоел Ле Скуарнек на кого му се припишува силување и малтретирање на околу 300 пациенти додека биле под анестезија, во собата за опоравување по операцијата или во болнички кревети, пишува Гардијан
Доказите што треба да бидат презентирани на судењето вклучуваат рачно напишани белшки во кои Ле Скуарнек ги запишувал иницијалите на пациентите и ги опишал злосторствата што ги извршил врз нив.
Полицијата ги спореди тие белешки со болничките досиеја за да ги идентификува можните жртви, од кои многумина биле под анестезија во моментот на нападот и не знаеле што им се случува.
Во своите записи, Ле Скуарнек се нарекува себеси „егзибиционист, воајер, садист, мазохист, фетишист и педофил. И поради тоа сум многу среќен“, напиша тој.
Ле Скуарнек е обвинет за силување и сексуално злоставување на вкупно 299 пациенти – 158 мажи и 141 жена од 1989 до 2014 година.
Меѓу нив имало 256 малолетни лица, а просечната возраст на жртвите била само 11 години.
Бил вработен во јавни и приватни болници низ Бретања и западна Франција, често оперирајќи деца со апендицитис.
„Многу од жртвите беа на операционата маса, под анестезија, се опоравувале од операција, што значи дека не биле свесни што им се случува“, рече јавниот обвинител на Лориен, Стефан Келенбергер.