Франција може да ја признае палестинската држава во јуни

 

 

„Треба да продолжиме со признавањето на палестинската држава. Во следните неколку месеци ќе го направиме тоа“ изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за телевизијата Франс 5, пренесе Ројтерс.

„Не го правам за да му угодам на некого. Го правам тоа затоа што во одреден момент ќе биде правилно“, рече тој.

„Оние кои ја бранат Палестина мора за возврат да го признаат Израел – нешто што многу од нив не го прават. Нашата цел е некаде во јуни, заедно со Саудиска Арабија, да претседаваме со оваа конференција на која би можеле да го финализираме движењето кон реципрочно признавање од неколку земји“, рече Макрон.

Иако Палестина во моментов е призната како суверена држава од речиси 150 земји, повеќето големи западни сили сè уште не го сториле тоа.

Меѓу нив се САД, Велика Британија, Франција, Германија и Јапонија.

Меѓу земјите кои не го признаваат Израел се Саудиска Арабија, Иран, Ирак, Сирија и Јемен.