Франција го одликува легендарниот гитарист Ерик Клептон со орден “Капетан на уметноста во областа на музиката”, соопшти француската амбасада во Лондон. Наградата на Ерик Клептон му ја врачил амбасадорот на Франција во Лондон Силви Берман, нарекувајќи го Ерик амбасадор на блузот во Франција.
Ерик Патрик Клептон е англиски блуз-рок гитарист, пејач и текстописец. Клептон е единствената личност кој три пати била примена во куќата на славните на рокенролот како соло изведувач, но исто така, и како и член на рок групите „The Yardbirds“ и „Cream“. Во текот на долгогодишната кариера тој е почитуван како еден од најважните и највлијателните гитаристи на сите времиња.
Клептон неодамна, на 72. години го објави својот 23 студиски албум.