Еурофарм Пелистер ги разгали срцата на „чкембарите“ и на љубителите на ракометот во Македонија со триумфот во Лигата на шампионите од 25:23 над данскиот вицепрвак Фредериција во Одензе, а колкава беше радоста покажува селфито од соблекувалната на македонскиот шампион во „Јиске банк арена“.

„ЗА НАС, ЗА БИТОЛА, ЗА НАШАТА МАКЕДОНИЈАААААА!“, порачаа пелистерци над фотографијата на денот.