Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, ја продолжи „турнејата“ низ природните знаменитости на американската сојузна држава Аризона со неизбежниот шал со натписот „Македонија“ на англиски јазик и со Сонцето од Кутлеш.
„Ја донесов #Македонија со мене во кањонот Кели во северна Аризона!“, објави на Твитер почесниот македонски дипломат во Тусон од 2013 до 2018 година, кога го разреши тогашната Влада на Зоран Заев.