Македонската манекенка Андријана Илиоска го привлече вниманието на „Лондон фешн вик“ со креација што потсетува на националното знаме на Македонците со Сонцето од Кутлеш.

Сестрата на светскиот и европски шампион во кик-бокс Бобан Илиоски првпат се претстави во центарот на светската мода на ревијалниот настан од 20 до 24 февруари, а нејзиниот настап ѝ донесе продолжување на престојот од првично предвидените две седмици на дополнителни два месеца за нови фотосесии за познати брендови.