(Фото): Лет Дубаи-Скопје, се договара отварање на најмалку две нови авиолинии

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој е во посета на Обединетите Арапски Емирати, објави дека се договараат летови со Ер Арабија.

Николоски вели дека туризмот, инфраструктурата и образованието се секторите на соработка на кои се фокусираат.

  • Имаме бројни средби ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со Флај Дубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион со што дополнително би се развил туризмот, изјави Николоски.

Исто така и политичкиот дел на посетата е исклучително значаен, имавме ислучително добра средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, ќе имаме средба со Премиерот, а денеска на ниво на министри ќе бидат потпишани неколку значајни договори за економска, образовна и туристичка соработка, што ќе допринесе за уште побрз развој.

Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со ФлајДубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион како дополнително би се развил туризмот.

Со овие средби се надеваме дека ќе се привлечат инвеститори во Македонија, ќе се отворат нови добро платени работни места и државата може да напредува” – изјави вицепремиерот Николоски.