„Форин Полиси“ не се повлекува: „Новата влада за ЕУ и НАТО би го сменила името Македонија“

Угледниот американски магазин и по 24 часа од објавувањето не го менува својот коментар на Твитер според кој „Новата влада за влез во ЕУ и НАТО би го променила и името Македонија“

Коментарот беше објавен вчера попладне и веќе има десетици споделувања на социјалните мрежи. (читај тука)

На постот на Твитер нема негативни реакции од страна на македонски официјални претставници или граѓани во врска со овој коментар кој што не беше искажан од ниту еден македонски претставник во последната офанзива за влез во ЕУ и НАТО.

Предходно лондонскиот весник Фајненшл Тајмс го смени насловот на својата анализа во која прво тврдеше дека Македонија размислува да го смени името за после да тврди дека „Македонија размислува да влезе во НАТО со кратенката ФИРОМ.