,
„ Ние постојано се придржуваме до еден од главните принципи на суверената словачка надворешна политика, според која членството на Украина во НАТО го загрозува мирот во целиот свет“, изјави изјави словачкиот премиер Роберт Фицо кој предупредува дека Потенцијалниот влез на Украина во Северноатлантската алијанса може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО.
Тој вели дека има „воинствени земји од НАТО кои или воопшто не разбираат што би значело членството на Украина во Алијансата или, напротив, сакаат да предизвикаат директен конфликт меѓу НАТО и Русија, што би било почеток на третата светска војна“
Фицо ја поздрави и одлуката на самитот на НАТО, според која Киев може да очекува прием во Алијансата дури откако ќе ги исполни сите услови и ќе добие согласност од сите членки на Алијансата. (Плусинфо)