Никако да почнете да вежбате. Вежбањето за вас преставува стрес и напор. Но постои интересен начин како да ви биде забавно, а во исто време да го затегнете телото.
Аква аеробикот е забавен и ефикасен начин за губење на килограмите и зајакнување на мускулите. Вежбите во вода се многу поефикасни од другите вежби на „суво“ поради отпорот на водата.
За пола час вежбање во вода можете да изгубите околу 300 калории. Отпорот на водата позитивно влијае на тонусот на мускулите, ја отстранува напнатоста, а лесно се губат и најтврдокорните масни наслаги и целулит.
Што е најважно, не морате да знаете да пливате за да вежбате аеробик на вода!!
Аква аеробик или аеробик на вода се состои од аеробични вежби кои се изведуваат во плитка вода, најчесто базен, а вежбите се обично ритмични и траат од 40 до 50 минути. Часовите вклучуваат удирање со нозе, скокање, танцување, загревање, како и вежби за истегнување. Постојат многу форми на аква аеробик кои можат да се изведуваат со опрема наменета за овој спорт како што се: специјални обувки за аеробик во вода, воздушни перничиња, како и тегови за глуждовите и зглобовите.