Едно дете е убиено, а уште две се повредени во пукање во училиште во Финска, соопшти полицијата.

Според полициски извештај, и сторителот и жртвите се 12-годишници.

Првично беше соопштено дека три деца се рането, ноп подоцна едно од нив починало откако било застрелано со огнено оружје.

Насилникот употребил пиштол во нападот, а еден час подоцна бил уапсен на северот на Хелсинки, на околу четири километри од училиштето Виертола.

Тој бил вооружен во моментот на апсењето.

Некои деца наводно се криеле за време на нападот, додека други гледале што се случува.

Станува збор за училиште со 800 ученици на возраст од седум до 16 години.