Актерот кој стана историја на Холувуд кога пред 4 години го освои третиот оскар преку својот прес аташе најави дека ќе се повлече од снимањето филмови веднаш по драмата “Phantom Thread”, која ќе биде завршена во текот на годината. Даниел Деј Луис им се заблагодарува на соработниците и верната публика која му давала сила во сите овие успешни години.
“Веќе нема да глуми. Ова е лична одлука и натамошни коментари нема да има, ниту од него, ниту од соработниците”, рече Лесли Дарт за повлекувањето на актерот које омилен кај сите фанови и особено кај Американската академија за филм и наука.
Даниел Деј Луис има 60 години и претходно во раните 90. години од минатиот век веќе направи една ваква пауза по која се врати и тогаш рече дека дистанцирањето од филмот и снимањето му помогнало да се врати со нови блесови во извонедната кариера. Родениот Британец кој живее во Ирска до сега добиваше Оскари за главна машка улога за три филма. Првиот за “My Left Foot” во 1990. година, потоа за “There Will Be Blood” во 2007. и во последниот случај за “Lincoln” во 2013. година кога на церемонијата рече дека животот го почастил со малку повеќе среќа од тоа што е вообичаено.