Постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа којашто беше донесена од претходната Влада и поранешниот министер за правда Кренар Лога, иницираше новиот министер за правда Игор Филков.
Нотарите ги „дерат“ граѓаните, за една година заработуваат за еден стан….
„Како што сум информиран, оваа одлука за енормното зголемување била донесена во февруари, но се чекало да поминат изборите. Притоа никој не ја информирал јавноста за ова, односно процесот бил скриен“, рече министерот за правда Игор Филков на брифинг со новинарите з одлуката која треба да стапи во сила на 1 септември.
„Според овие измени најголемо поскапување имаше кај составувањето на нотарски акти од помала вредност кои се чести кај граѓаните. Кај актите од стотици или илјадници евра речиси и да нема промени или покапувањето е минимално.
Тоа не смее да се случи и затоа ги повлекуваме овие измени.
Секоја одлука што директно се одразува врз граѓаните во иднина ќе подлежи на широка дебата, односно пред да донесе било каква измена, ќе слушнеме што мислат сите засегнати страни и како таа одлука ќе се рефлектира“, рече на денешната прес конференција, министерот за правда Игор Филков.