Македонската млада машка ракометна репрезентација може да биде сериозно хендикепирана за настапот на Светското првенство во Алжир на кое треба да играме во јули. Проблемот го прави Рајн Некар Левен кој не сака го ослободи нашиот убедливо најдобар играч Филип Талевски кој, на 18 јули кога започнува мундијалот, треба да се појави на подготовките на германскиот првак, кој не сака македонскиот репрезентативец да ги пропушти истите.
Македонија на Светскиот шампионат ќе игра во група со Русија, Буркина Фасо, Тунис, Шпанија и Бразил и ако чиневме дека имаме шанси за 1/8 финале сега се ќе се искомпликува зошто при остварување на желбите на германскиот тим ние би биле далеку послаби без капитенот на селекцијата.