Венко Филиче и закажал состанок на Бисера Костадиновска Стојчевска за да разговараат за обвинувањата од власта за злоупотреби додека била на фукцијата министер за култура. Претседателот на СДСМ очекува доколку некој неправилно работел да сноси одговорност за тоа, а за целиот случај со Костадиновска Стојчевска за кој секојдневно ВМРО-ДПМНЕ објавува нови скандалозни информации, Филипче повикува на институционална разрешница.
„Јас за денеска закажав состанок со поранешната мнистерка за култура. Инсистирам тој случај да го расчистат институтциите и доколку има било каков одговорност, секој кој направил некаква неправилност да сноси одговорност за таа неправилност. Тоа што сакам да апропо ова прашање да го осудам е тоа што Владата ги користи сите инструменти на партиски ПР за да се справува со ова прашањ. Инсистирам ова прашање да го расчистат институциите“ рече Венко Филипче – претседател на СДСМ.
Додека во СДСМ ексминистерката ќе рапортира пред партискито претседател за обвинувањата, ВМРО-ДПМНЕ обедлодени нови информации за нови злоупотреби од како што ја нарекуваат „Бисера Антоанета“. Според пратеникот Миле Лефков, Костадиноска Стојчевска купила две карти овој пат за Лондон во вредност од 750 евра и не заминала на пат. Претходно, истиот случај тврди владејчката партија се случило и со две карти за Дубаи во вредност од 3000 евра.
„Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина – Лондон во еден правец во висина од 44.900 илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале. Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти. Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не, очигледно е дека Бисера Антоанета сама како ќе и текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде“ рече Лефков.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за раскалашено однесување и тврдат дека ова е доказ како Социјал-демократскиот сојуз ја ограбувале државата. Досега, владејчката партија сподели со јавноста документи на кои се гледа дека ексминистерката со службената картичка купувала куфери, чорапи, луксузни подароци во Лондон, а изнајмила и стан во Виена. За утре најавија дека ќе објават нови информации за злоупотреби од Костадиновска Стојчевска.