Социјалната мрежа Фејсбук објави дека ја достигнала бројката од две милијарди активни корисници месечно.
“Денес одбележуваме нова пресвртница, сега имаме две милијарди луѓе кои секој месец се закачени на мрежата”, стои во соопштението од Фејсбук, кој првата милијарда корисници ја прослави во октомври 2012. година.
“Ние создаваме напредок во поврзувањето на светот и го направивме светот поблизок”, нескромно вели основачот на компанијата, Марк Цукерберг.
Фејсбук е основан во 2004. година и оттогаш прерасна во гигант, кој во првиот квартал на оваа година забележа профит од три милијарди долари.