Фешн викенд во Скопје: Дефиле на сопруги на амбасадори и политичари

Како дел од скопскиот „Моден викенд“, се одржа модна ревија „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“, пренесе Вечер. Станува збор за дел од проектот „Поттикнување на иновативноста и креативноста на жените на пазарот“, кој доби силна поддршка од Амбасадата на Република Словенија, а беше имплементиран од Здружението „Добредојде“ (Macedonia welcome centre).

Посетителите беа сведоци на уникатните креации на жени кои оделе на курсеви по кроење, шиење и везење, со цел да се поддржат домашните занаети.

На почетокот од „Моден викенд“, кој се одржува во „Лабораториум“, публиката имаше привилегија да ја посети изложбата „Fashion. Forever.“, а сопругите на амбасадорите од повеќе земји кои се на функција во Македонија, сопругата на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, Надица, како и уште неколку жени од јавниот живот беа модели на ревијата со која се отвори Моден викенд Скопје.