По вчерашното одложување на процесот познат како „Едно евро за вицето“ кое ќе продолжи на 27 септември денеска и лидерот на ВМРО – ДПНЕ доби тримесечно одложување до 28 септември на судењето по случајот за „нарачаните шамари“ во општина Центар.

Причината за одложувањето на процесот каде што првообвинет е екс премиерот Никола Груевски е што судијката Татјана Михајлова нема абер каде се наоѓа обвинението.

Процесот ќе продолжи на 28 септември откако ќе се расчисти дали предметот е во Апелацискиот или во Врховниот суд.

Обвинението најпрвин бил со Апелација откако СЈО поднесе жалба на казните од по 2 илјади евра за Катица Јанева и Фатиме Фетаи за непочитување на судот и судијката Михајлова но потоа пристигнал во Врховниот суд кој треба да одлучи кој има надележност по жалбите на специјалните обвинителки, Кривичниот или Апелацискиот суд?

Обвинителката Фатиме Фетаи е уверена дека адвокатот и судот имаат некаков договор.

„Очигледно е дека постои координација помеѓу судот и одбраната со единствена цел, одолговлекување на оваа постапка. На ова упатува околноста што токму денеска, кога списите од предметот се наоѓаат во Апелацискиот суд, беа присутни сите обвинети, што не се случило долг период.“ – изјави обвининтелката Фатиме Фетаи.

На денешното судење се појавија сите обвинети и оштетни освен Никола Груевски. На клупата за обвинети беа екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова кои што имаат нови адвокати откако стариот Никола Додевски стана сведок во случајот Талир.

Случајот Талир кој како најскап и најобемен предмет на СЈО против екс премиерот Груевски предизвика дилеми во јавноста откако се покажа дека за него нема законска можност да биде покренато обвинене.

Дел  од медиумите поставија прашање дали во прашање е договор меѓу партиите да нема обвиненија за најтешките дела на раководството на ВМРО – ДПМНЕ или се работи за некомпетентност на СЈО која имаше можност осомничените кои не примија покани да ги приведе со помош на полицијата.  (читај тука за амнестијата како можна причина за пропаста на Талир) 

Никој од инволвираните денеска не сакаше да ги коментира овие дилеми во јавноста.