Турскиот клуб го победи Каљари со 1-0 во пријателска средба што ја реши најголемото летно засилувањето на жолто црните од Истанбул, Матју Валбуена. Французинот во 61. минута изведе одличен слободен удар за триумф на екипата што следниот четврток ќе ја гледаме на Телекон арената во Скопје како противник на нашиот Вардар во плеј оф рундата од Лига Европа. На овој натпревар во дресот на Фенер заигра и нашиот талент од Работнички Елиф Елмас.
https://youtu.be/5er26SuFukg